Фотографија на која се фотографирани 25 велешки комити, меѓу кои и три жени, од четите на велешките војводи Алабакот, Докурчев и Офицерчето ми дојде до рака при случајна средба со пријатели. Станува збор за фотографија што е сопственост на велешко семејство. Точно се знае дека фотографијата е направена во 1950 година. И засега толку, бидејќи во изминатиот период и покрај истражувањето на кое му се посветив за жал не открив кои се овие фотографирани личности. Затоа со сопственикот на фотографијата одлучивме да ја ставиме на увид пред јавноста бидејќи заедничка ни е целта да откриеме што повеќе информации поврзани со приказните кои ги раскажуваа постари велешани и според кои во четите на велешките војводи Алабакот, Докурчев и Офицерчето освен мажи имало и жени војводи.

Повреден е работник на ЈКП „Дервен“ синоќа околу полноќ додека ја миел централната градска улица во Велес. Несреќата најверојатно се случила кога пукнало цревото со вода од цистерната. Работникот го држел цревото во раце и се здобил со повреди од силата на водата, раскажаа граѓани очевидци. Била повикана Брза помош и по интервенцијата на местото на несреќата работникот бил транспортиран на хирушкото одделение во велешката болница.

Уште еден ден низ улиците на Велес, Шарената револуција дваесет и седми ден протестира против како што велат фашистичката и режимска власт. Пред велешани вечерва во центарот на градот говореше Аднан Џаферовски од Скопје. Тој истакна дека е чест да се биде помеѓу луѓето кои застанале на браникот на државата, на страната на правдата и слободата.

Со половина плата за март и половина за април преживуваат работниците на велешка Колска во првата половина од годинава, велат од СДСМ. Според опозицијата Без плата и здравствено осигурување работат сто дваесетте работници кои велат се последица на неспособното управување на кадрите на ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата прашува на кој начин директорот на Колска Борис Алчев платил придонеси за пензиско и здравствено осигурување ако исплатил само половина плата.

Одекнува звукот од чеканот и длетото од куќата на Касапови во Велес. Дванаесет ученици од четирите основни училишта во градот на ореово дрво ги резбаат омилените фигури. Тие се дел од резбарската работилница во која тајните на овој занает им ги пренесува познатиот резбар Љубомир Бисинов.

Со термоизолациони фасади, до први септември, ќе бидат направени сите шест клона од детската градинка Димче Мирчев во Велес. Моментално ваква фасада се поставува во објектот на градинката во близина на основното училиште Св. Кирил и Методиј. Поставувањето на изолацијата во градинките е дел од проектот на ЕУ „Енерџи нет“ со кој беа опфатени само петте клона. Шестиот клон ќе се реновира со пари од буџетот на општина Велес. За енергетската ефикасност на деттската градинка Димче Мирчев, од проектот ќе се потрошат над 86 илјади евра.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново