Триесет граѓани од Велес, Гостивар, Скопје и Куманово денеска одлучија да бидат крстени на групната крштевка што за нив во водите на река Бабуна, крај Велес, ја организираше Епархијата Повардарска. Тие беа на различна возраст и имаа различни причини што досега не ја примиле христијанската вера. Александра Ѓоргиевска живее во Скопје. Тоа не ја спречи да биде дел од групата граѓани кои присуствуваа на чинот кои граѓаните ги воведува во верата и во Бога.

Целосно е уништена збирката на научна фантастика во кражба што се случила изминатава неделава во просторијата на Центарот за научна фантастика „Визија“ во Велес. Крадците го скршиле катанецот од просторијата што се наоѓа во поранешниот хотел „Вила зора„ и биле безмилосни кон книгите, списанијата и цртежите. Уништени се и првите македонски научно фантастични романи, издадени 1958 година, кои Центарот ги купил и ги чуваше како раритет. Претседателот Љупчо Михајловски вели дека глетката што го затекнала во просторијата го запрепастила.

Граѓаните на Велес се соочуваат со проблеми при набавката на огревни дрва од Јавното претпријатие Македонски шуми, подружница Велес. Иако имаат склучено договори со претпријатието и уплатено за дрвата, тие се уплашени дека нема подготвени да ја пречекаат престојната зима. Со вакви реакции излезе денеска на прес конференција опозицијата во Велес. Според нив граѓаните се во неизвезност бидејќи во складот на јавното претпријатие нема дрва, ниту пак има најави дека ќе има.

„Ти ветувам љубов„ е насловот на најновата песна на Катерина Брезева и групата „Соната“ од Велес. Таа вчеравечер беше промовиварана пред велешката јавност во Лонџ бар Етаж. Многубројните гости ги воодушеви интересната љубовна приказна преточена во видео запис на песната. Комплетен автор на песната е Темелко Андреев. Тој со големо внимание и посветеност ги изработил текстот, музиката и аранжманот, а исто така и  спотот на песната. Освен групата Соната и пејачката Кате Брезева, во спотот се појавуваат и двајца професионални танчери и еден постар брачен пар. Видео записот е снимен во салата Бели мугри и на Хотел Романтик.

„Направивме многу добри работи, постигнавме високи резултати како на полето на образованието така и во областа на културата и спортот со што Гимназијата стана силен образовен фактор не само во градот туку и во државата. Училиштето создаде и современи услови за учење со подобрување на инфраструктурата во образовната институција“, напиша во оставката директорот на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“, Сашко Андреевски. Таа е испратена до општина Велес и со неа тој по три и пол години директорување бара да биде разрешен од функцијата.

Во првата половина од годинава, во велешката болница се родиле 358 деца или за 18 новороденчиња повеќе од лани. Од матичната служба велат дека дури 60 проценти од децата кои се родиле во периодот од први јануари до 30 јуни годинава се од селата Горно и Долно Јаболчиште, Бузалково, Сливник и Клуковец.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново