PoshumuvanjeDedoMrazdoagja

Еуфорија се создаде штом на брегот на езерото се разлеа низ просторот добро познатиот слоган „Охо хо хо хо“. Граѓаните кои посветено и концентирано ги засадуваа садниците со дрвца одеднаш ги подигнаа главите, се исправаа и со поглед бараа од каде доаѓа овој поздрав кој единствено асоцира на најпознатата светска личност, Дедо Мраз. И токму тој, Веселиот Дедо Мраз, се искачуваше од подножјето кон врвот на ридот додека со ѕвонецот мавташе и го извикуваше само нему својствениот поздрав.

PoshumuvanjeRadovishekipasopudlica

Кога летово, во големиот пожар, изгоре шумата на брегот на „Езеро Младост“ меѓу првите кои најавија донација во садници беа членовите на Стартап Иницијатива за засадување на дрвја во Македонија, со седиште во Радовиш. Во изминативе неколку месеци, од септември до денеска, оваа граѓанска иницијатива собира 720 садници, што денеска, ги донесе на езерскиот брег и се вклучи во големата акција за пошумување организирана од Општина Велес.

Poshumuvanje1

Големата граѓанска акција за пошумување на опожарениот појас околу „Езеро Младост” со учество на над 300 граѓани и припадници на АРМ од Гарнизонот „Алексо Демниевски Бауман“ се одржа денеска, сабота 28 декември 2019 година. Граѓаните засадија 13.700 садници на багрем, чемпрес, јасен и јавор на површина од 10 хектари. Средства за 2. 700 садници се обезбедени од донатори, а Општина Велес обезбеди средства за набавка на 11. 000 садници. Гледката и впечатокот уште претпладнето, кога најголем број од учесниците во акцијата за пошумување стигнаа со сопствен превоз, на брегот на „Езеро Младост“ покажа дека изградената јавна свест на велешани за заштита на животната средина дава резултати.

OJO Veles

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен жител на Неготино, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – разбојништвото во казино во Неготино.

DirektorsoZaklina fin

Државата не води грижа за спомениците на култура веќе децении наназад. Со ваков однос ги казнува граѓаните кои живеат во куќите, заштитени со закон и прогласени за споменици на културата. Тоа што ги бојадисала фасадите во 2016 година на куќите во комплексот „Варналиите“ во Велес се само фрлени пари бидејќи тие не се конзервирани. Ова е првиот впечаток на директорот на Управата за заштита на културно наследство, Ацо Костов. Тој денеска со тим од оваа државна институција стигнаа пред изгорените куќи на Паунови и на Маневи во комплексот „Варналиите“ .

PORIBUVANJE fin

Додека од спротивната страна на скалите на кејот на река Вардар рибари ловеа риба од спротивната, крај Мало Мовче, 200 килограми млад крап беше пуштен во водата на реката. Порибувањето го изврши Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ според редовните годишни обврски. Тоа стопанисува со овој ревир во кој се наоѓаат уште реките Тополка и Бабуна.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Општина Велес ја известува јавноста дека, започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен Договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото викано „Цуцка”, во близина на манастирите Св. Ана и Св Димитрија.

За време на градежните работи за санација на свлечиштето (одронот) на регионалниот пат Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), сообраќајот ќе биде времено изменет.

Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот, како и до сите жители кои гравитираат кон овој дел од градот, за внимателно управување со моторните возила и движење на пешаците и почитување на поставената вертикална сигнализација (сообраќајни знаци и дополнителни информативни табли).

Со почит,

Општина Велес

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново