Утрото на 25 јуни, во 09.30 часот, екипа на Итна помош на ЈЗУ Здравствен дом во Велес била повикана од граѓани кои, на улицата „Ангел Мишев“, виделе маж кој лежи на коловозот. Лекарот во интервенцијата констатирал смрт без траги на насилство.
Првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје, основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси, има за цел да го поттикне и регионалното претприемништво преку раздвижување на стартап сцената надвор од главниот град на државата.
Ова го покажуваат резултатите од последната контрола што полициските службеници ја реализирале во неделата, на 23 јуни, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи - Велес. Тогаш биле контролирани три градови Велес, Кавадарци и Неготино.
На електронското јавно наддавање за закуп на Градскиот базен, во сопственост на општината, што денеска се одржа во Општина Велес, се јави еден понудувач. На наддавањето постигната е цена од 61.000 денари за месечна закупнина на базенот.
Советот на општина Велес , на денешната седница, ќе донесе Одлуки за одвојување на финансиски средства за учество во добиени проекти на Општина Велес со кои, според советничката група на СДСМ и коалиционите партнери, ќе се решат дел од децениските проблем на граѓаните на општина Велес.
Шеесет сиромашни семејства во Велес добија млеко, бебешко млеко во прав, бебешки кашички и бебешко млеко со додатоци . Хуманитарната помош ја обезбеди Банката за храна на Македонија преку програмата „Храна за сите“.