Велешанец ја истепал својата сопруга, семејно насилство пријавила и кавадарчанка
Две семејни насилства биле пријавени во Сектор за внатрешни работи Велес. Првото, било пријавено вчера, на 26 декември, од страна на триесет и шест годишна жена од Велес. Таа пријавила дека по кратка расправија била физички нападната од нејзиниот три години повозрасен маж, велешанецот Б.Н.
Ноќеска, еден и пол час по полноќ, полициски службеници го лишеле од слобода 49 годишниот Ќ.М од Кавадарци. Тој во семејната куќа физички ја нападнал неговата 29 годишна сопруга.
Од СВР Велес информираат дека за првиот случај се преземаат мерки за расчистување на случајот, додека за настанот во Кавадарци бил известен јавен обвинител, мажот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк