Велешанец се здобил со тешки телесни повреди при пад од четирицикл
Објавено на 20 јуни, 2025 во 13:04

На регионалниот пат меѓу селото Извор, општина Чашка и Прилеп, по крстосницата за селото Јасеново, четирицикл управуван од 40-годишен велешанец излетал надвор од коловозот.
Во настанот со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Н. (40) од Велес, додека неговата сопатничка Ј.Н. (37), исто така од Велес, се здобила со телесни повреди. Повредените биле пренесени во Општата болница Велес, каде што им била укажана соодветна медицинска помош.
Сообраќајната незгода се случила вчера околу 19:30 часот, увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.
Дума.мк
