Велешанец тешко повреден на работно место во фабрика во Кавадарци
Објавено: 21 март, 2025, во 12:41 часот
Рано утрово, во 02:30 часот во Одделение за внатрешни работи Кавадарци било пријавено од страна на Општа болница Кавадарци дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен М.К.(33) од Велес.
„Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување на работни задачи во фабрика во Кавдарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк


