Велешката полиција фатила малолетен крадец, украл пари и мобилен телефон

Објавено на 15 јуни, 2024 во 13:45

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера претпладне, во присуство на старател, бил извршен службен разговор со малолетник од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во разлицни апоени и мобилен телефон за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.