Велешката полиција откри бегалец од затвор и го врати назад
Објавено на 25 ноември, 2024 во 11:53
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, во саботата на 23 ноември, околу 20 часот, на улица „8-ми Септември“ во Велес, го привеле Џ.У.(20) од Штип поради утврдување на идентитет.
-По извршените проверки и кординација со Казнено поправна установа „Затвор-Куманово“ било утврдено дека Џ.У. издржувал казна затвор и бил пуштен на викенд, но истиот не се вратил во предвиденото време, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Портпаролката додаде дека бил извршен и спровод на лицето во Казнено поправната установата за доиздржување на казната.
Стефани Манева