(Видео) Поповски: Во Вардарски регион, неделава, како под вршник со дневни температури до 44 степени, додека за викенд мало разладување
Објавено на 16 јули, 2024 во 13:36

Температурите на воздухот во градовите на Вардарски се највисоки во споредба со останатите региони во државата. Граѓаните на централна Македонија ќе продолжат да живеат како под вршник. Како дење, така и во ноќните часови регистрирани се екстремно високи температури, рече дипломираниот Метеоролог Славчо Поповски којшто за Дума.мк ја соопшти временската прогноза до крајот на оваа седмица, на средината на месец јули.
Сепак според Поповски, до воздух, во Вардарски регион ќе се дојде за време на претстојниот викенд.
Со неколку степени пониски температури ќе се соочат неделава граѓаните во останатите региони во државата во споредба со централниот дел на Македонија. Еве ја и неговата прогноза за територијата на државата.
Убавка Јаневска
