(Видео) Пожар од вчера ја пеплосува шумата помеѓу селата Папрадиште и Ореше, кај Чашка, од утрово хеликоптери го гаснат и од воздух
Пожарот помеѓу селата Папрадиште и Ореше, во текот на вчерашниот ден, го забележаа посетители на Планинарски дом во село Папрадиште, во општина Чашка. Меѓу нив е и Игор Смилев, член на Совет на општина Велес. Проценките се дека гори висококвалитетна дабова шума. Пожарот е пријавен во Центарот за управување со кризи.
-Пожарот освен од земја со организирани вработени на ШС Бабуна и доброволци се гасне и од воздух. Два хеликоптери уште од рано утринава започна со гаснење на огнот од воздух. Воздухопловите се на македонската Армија и на МВР. Тие полнат вода од фудбалско игралиште во село Богомила на кое што има поставено инпровизиран базент со вода, којшто постојано се полни, рече Смилев.
Во утринската информација на Центар за управување со кризи овој пожар е евидентиран како еден од вкупно шестте активни во македонија.
Убавка Јаневска