(Видео) Смилев :„Рацин е македонската матица, во буквална смисла на зборот, тој спојува различни генерации на следбеници и на традиционалниот Марш
Во чест на великанот Рацин и по повод 81 години од неговата смрт во недела на 9 јуни, годинава, Еколошка Групација „Грин Пауер“ ќе го реализира традиционалниот Марш за Рацин. Учесниците на маршот и годинава ќе тргнат од Велес, во недела, во раните утрински часови, од пред споменикот на Кочо Солев Рацин, на плоштадката спроти поранешна стоковна куќа „НА МА“. Нивната крајна дестинација е Лопушник, местото на погибјето на Рацин.
Екологистот на „Грин Пауер“ и член на Совет на Општина Велес од советничка група „Левица“, Игор Смилев, го прашавме што ќе биде годинава поразлично од изминатите години на маршот, колку учесници ќе има и дали меѓу нив се младите потомци и почитувачи на ликот и делото на македонскиот поет и револуционер.
Смилев додаде дека Рацин е македонска матица, во буквална смисла на зборот бидејќи спојува три различни генерации на следбеници, поточно деца и млади, граѓани на средна и возрасна доба на традиционалниот Марш
Учесниците од Велес ќе маршираат преку Прилеп, Македонски Брод и Кичево за да стигнат на врвот Строг на Лопушник. Организаторот на фан страна на Фејсбук ја објави маршутата и сподели корисни совети за учесниците.
Убавка Јаневска