Во Киноверзум Велес настан на тема: „Емоционална интелигенција и комуникација во семејството“ (видео)

Објавено: 12 декември, 2025, во 16:54 часот

Начинот на кој што чувствата, емпатијата и разбирањето се одразуваат во секојдневните односи помеѓу членовите на семејството, денеска, беа тема на која пред ученици од четирите средни училишта како и заинтересирани Велешани говореа редовната професорка д-р Ѓоргина Кимова, доц. д-р Милена Спасовска и пензионираната професорка Вангелица Гаврилова на Факултет за психологија на Меѓународен Славјански универзитет.

Двете редовни и пензионираната професорка во кратките воведни излагања многу пластично ги појаснија предизвиците на младите луѓе, на нивните родители и на повозрасните членови во комуникацијата во семејствата поттикнувајќи на соочување со емоциите на стравови, молк, агресија, насилство, тага, радост, љубов, живот, смрт кои се актуелни и се многу изразени во актуелниот брз и динамичен живот.

Присутните имаа можност во вториот дел на настанот да го проследат филмот „Без каење“, психолошка семејна драма, и да споделат мислење со професорките и експертки во областа.

На што се не учи моќната вештина – емоционалната интелигенција во семејната комуникација, појасни проф. д-р Ѓоргина Ќимова на Факултет за психологија на Меѓународен Славјански универзитет по воведното обраќање.

Секој си е потребен самиот на себе, гласи пораката на пензионираната професорка на Меѓународен Славјански универзитет, лиценциран судски вештак од областа на психологијата и психотерапевт по Интегративна психотерапија д-р Вангелица Гаврилова по воведното обраќање за проблемите во семејната комуникација.

Отворената комуникација и изразените емоции можат да ни ги покажат чувствата, доживувањата, меѓусебното разбирање и заклучоците коишто можеме да ги изведеме во разни животни ситуации, гласи пораката на доц. д-р Милена Спасовска редовен професор и европски сетифициран психотерапевт по воведот како семејствата разговараат за тешки теми.

Настанот се одржа во „Киноверзум“ Велес како дел од „Денови на психологија“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.