Во сообраќајната незгода близу „Порцеланка“ повредени три лица (ОБНОВЕНО)

Во близина на фабриката „Порцеланка“ утрово околу 08:30 часот, се судриле комбе и автомобил. Во сообраќајната незгода повредени се три лица, возачот на комбето и неговиот совозач како и возачот на автомобилот.
-Возачот на комбето е однесен во болница со приватна кола, совозачот на комбето е прегледан и има болки во десно раме и надлактица, обете колена и десен скочен зглоб. Со Итна медицинска помош е однесен на хирургија во ЈЗУ Општа болница Велес. Повредениот од автомобилот одби хоспитализација, соопштија од Итна медицинска помош Велес.
Портпаролката на велешка болница, Д-р Елеонора Јованова, соопшти дека утрово се донесени две лица на 27 и 35 годишна возраст, којшто се здобиле со лесни телесни повреди и задржани се на опсервација.
Од Авто Мото Сојуз на Македонија, додаваат дека од 10:15 часот, сообраќајот на Регионален пат 1312 Велес-Чашка кај фабриката „Порцеланка“ е нормализиран.
Стефани Манева
