Во велешка болница 29 ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено: 1 септември, 2021, во 14:59 часот
Во Општа болница Велес хоспитализирани се 44 ковид пациенти од кои 36 се потврдени позитивни, пет пациенти се сомнителни на вирусот и тројца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 42 и на Интерно одделение двајца пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елеонора Јованова.
Денеска на кислородна поддршка се 29 ковид пациенти.
Во текот на денот од болничко лекување испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Стефани Манева


