Во велешка болница хоспитализирани 12 ковид пациенти

Објавено на 11 март, 2022 во 10:13

На болничко лекување во велешка болница хоспитализирани се 12 ковид пациенти од кои тројца се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-На Инфективно одделение се лекуваат осум пациенти и на Интерно одделение четворица пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.

На кислородна поддршка се вкупно пет пациенти.

Од болничко лекување испишан е еден пациент.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.