Во велешка болница хоспитализирани седум ковид пациенти

Објавено: 30 март, 2022, во 14:05 часот

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани седум ковид пациенти од кои двајца се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-На Инфективно одделение се лекуваат тројца и на Интерно одделение четворица пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.

Во моментов има слободни 47 болнички кревети.

Во изминатите 24 часа од болничко лекување испишани се двајца пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.