Во велешка болница се лекуваат 31 ковид пациенти од нив 15 потврдени позитивни
Објавено на 20 декември, 2021 во 11:39
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 31 ковид пациенти од кои 15 се потврдени позитивни, седум се сомнителни и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 24 пациенти и на Интерно Б одделение седум пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 19 ковид пациети.
Од болничко лекување испишани се двајца пациенти како оздравени.
Стефани Манева