Во велешки Црвен крст одржана работилница за превенција на дијабет
Првата работилница за превенција на дијабет кај постара популација се одржа во просториите на велешкиот Црвен крст. На работилницата присуствувале лица на возраст од над 60 години и се информирале за болеста. Покрај оваа работилница ќе се одржат уште две.
-Целта е тие најпрво преку презентација и предавање од лекар да се информираат за дијабетот, да ја запознаат болеста подобро, нејзините симптоми, последици и превенција, а потоа и практично да се делува доколку има таква потреба. Затоа на работилниците се врши и мерење на нивото на шеќер во крвта и се пополнуваат акнетни прашалници кои најмногу се однесуваат на видот и начинот на исхрана, пишува во соопштението на Црвен Крст на РСМ – Општинска организација Велес.
Работилницата била спроведена од страна на д-р Кевица Шопова Клифова, Претседател на Општинската организација на Црвен крст од Велес.
Од велешки Црвен Крст посебна благодарност упатуваат до Здружението на дијабетичари во Велес кои за време на работилницата вршеле бесплатно мерење на шеќер кај присутните.
Стефани Манева