Возило излетало кај патарина „Отовица“, жена со тешки телесни повреди од велешка болница препратена за Скопје

Објавено на 11 септември, 2024 во 13:27

Педесет годишната М.М од Крива Паланка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода којашто вчера, на 10 септември, се случила кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес – Скопје. Таа била сопатничка во возилото коешто излеталот од автопатот. Како што информира портаролката на велешка болница Марина Андова, жената околу 15:00 часот била донесена во болница и била упатена кон Одделот за радиодијагностика.

-Направено е Компјутерска томографија на глава, граден кош, врат и абдомен. Констатирана е скршеница на стернум (градна коска), како и скршеница на прешленско тело на лумбален рбет. Поради сложеноста на повредите пациентката пациентката е препратена на понатамошно лекување во Ургентен центар Скопје, додава Андова.

Во Сектор за внатрешни работи Велес било пријавено дека околу 14:40 часот патничко возило „опел“ со кривопаланачки регистарски ознаки управувано од педесет и едно годишниот Р.М од Крива Паланка излетало од коловозот.

-Во сообраќајната незгода со телесни повреди се здобила и втората сопатничка, 23 годишната А.М од Крива Паланка, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.