Возрасна Велешанка побарала помош во домот, помошникот ја ограбил

Објавено: 31 август, 2025, во 11:03 часот

Полициски службеници на СВР Велес, вчера утро, во 07:20 часот, го лишиле од слобода А.Р.(34) од Велес, по претходна пријава од  70-годишната Ѓ.Д. од Велес, која пријавила дека откако го повикала во нејзиниот дом за да и помогне, тој и го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи и заминал.

-Кога пријавителката забележала дека и го нема паричникот и повторно го повикала А.Р. за да и го врати, тој дошол во нејзиниот двор, физички ја нападнал и и се заканувал. А.П. бил приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.