Загина маж во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Градско – Велес
Објавено на 20 август, 2021 во 10:26
Педесет и седум годишниот Д.Н од Велес, управувајќи го патичкото возило „фолксваген поло“, со велешки регистарски ознаки излетал од коловозот. Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот пат Градско – Велес, во близина на градот, вчера, 19 август, околу 23:30 часот.
Веднаш по незгодата со Итна медицинска помош, велешанецот бил пренесен во Општа болница Велес каде му била констатирана смрт.
Сектор за внатрешни работи информира дека Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес извршиле увид на местото на несреќата.
Стефани Манева