Запален куп смет во поранешна конфекција „Стоби“, огнот сериозно се заканил на околината

Објавено на 5 јули, 2024 во 11:08

Изгаснат е пожарот што во поранешна конфекција „Стоби“ избувнал вчера, на 4 јули, во 15:45 часот. Пожарот бил сериозен и можел да опфати поголем дел од околината но со брзата интервенција на велешките пожарникари било спречено негово проширување кон објектите и околината.

Територијалната против пожарна единица Велес на лице место излегла со едно противпожарно возило и двајца пожарникари спасители кои на лице место затекнале како гори куп со ѓубре.

Од ТППЕ Велес апелираат до сите сограѓани да не палат оган на отворен простор.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.