Започна да белее, утрово, крајбрежјето, водата ја менува бојата и смрди на амоњак – продолжува еколошката катастрофа на велешко „Младост“

Објавено на 16 ноември, 2024 во 12:33
Фото: Езеро „Младост“

„Глетката на водата во езеро „Младост“ утрово е тажна и загрижувачка. Долж езерското крајбрежје се шири бела пивтиеста маса, бојата на водата се променува и се шири смрдеа на амоњак. Со вакво сведоштво утринава се јавиле граѓани во ЕД „Вила Зора“ чии членови, поради службено патување се надвор од Македонија, побараа помош од Дума.мк. Вака денеска изгледа крајбрежјето на езерото, од почетокот на страната на патот кој води кон хотелите, мотелот и населбите кои таму се изградија.

Фото: Променетата боја на површината на езеро „Младост“

Раскажаната глетка од страна на граѓаните е точна. По двајцата членови на Совет на Општина Велес, Димитар Абрашев и Игор Смилев, се уверија и новинари. Инаку и двајцата советници откако добиле информации од граѓани излегле на лице место и тоа што го виделе го пријавиле на Државната инспекторка за заштита на животна средина, Билјана Шуркова Манаскова. Инспекторката за Дума.мк соопшти дека за најкраток временски период излегува во инспекција и надзор.

Според Абрашев и Смилев, веќе во понеделник, ќе иницираат постапка во Општина Велес за ново испитување на земените мостри од водата и во охридскиот Хидробиолошки Завод, како што рекоа, затоа што веруваат на неговите резултати.   

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.