Започна дегустацијата на рекордни 230 мостри на „Тиквешка ракијада“

Објавено на 4 јуни, 2025 во 10:14

Со рекорден број од 230 мостри, вчера започна дегустацијата и оценувањето на домашни и странски ракии во рамките на третото издание на меѓународниот фестивал „Тиквешка ракијада“. Настанот се одржува во Кавадарци, во организација на здружението „Ж’та-Македонски ракијари“, со поддршка од Винскиот музеј, општината и Министерството за земјоделство.

Единаесетчлена стручна комисија од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Индија ги оценува мострите од лозова, овошна ракија, мастика, ликери и џинови. Пристигнати се примероци од девет земји, а жирито истакна континуиран напредок во квалитетот на пијалаците. Се оценуваат производи од регистрирани мали дестилерии и индивидуални производители.

Главниот фестивалски настан и доделувањето на наградите се закажани за 21 јуни во Кавадарци. Организаторите ја најавуваат манифестацијата како промоција на традицијата, науката и квалитетниот вински туризам во регионот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.