Започнаа матурските прослави во Велес, како славеа велешките Гимназијалци (фото и видео)
Објавено на 16 мај, 2023 во 16:42

Матурантите од СОУ „Гимназија – Кочо Рацин“, вчера вечер, во ресторанот „Бела Вода“ ја прославија својата матурска вечер. Тие цела ноќ уживаа во добра музика и славеа, а утрово пешки со тапани и зурли влегоа во своето училиште и продолжија со забавата.


Завршувањето на средното образование е отскочна даска за влез во светот на возрасните. Дел од нив после оваа незаборавна вечер, ќе мора да продолжат со своите обврски и учење, бидејќи ги чека полагање на државна матура.
Денеска, матура ќе прославуваат средношколците на економското училиште „Јовче Тесличков“. Потоа во среда, учениците на хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ и во четврток матурантите на ССОУ „Коле Неделковски“.
Им посакуваме среќа!
Тим на Дума.мк
