Жена ограбена во Велес, приведен и криминалец баран со потерница за затворска казна

Објавено на 3 јули, 2025 во 13:33

Сектор за внатрешни работи Велес интервенирале во два одделни случаи. Првиот случај се однесува на грабеж на жена, додека во вториот било уапсено лице кое се барало со судска потерница за издржување казна затвор.

-На 2 јули 2025 година околу 23:50 часот, на улица „Христо Татарчев“, 44-годишниот Н.А. од Велес насилно ја ограбил 38-годишна жена, одземајќи ѝ ја ташната во која имало пари. Одземеното беше пронајдено и наскоро ќе ѝ биде вратено на сопственичката. Н.А. е приведен, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, објаснуваат од СВР Велес.

Истата вечер, околу 21 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода и 29-годишниот Н.Т. од Велес, кој бил баран со потерница по судска наредба за издржување казна затвор од две години и три месеци за сторено кривично дело „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.