22.01.2021
„Од нашите си патиме“, „За пусти пари проклети“, „ОФС профитери“ пишуваше на транспарентите со кои навивачката група „Гемиџии“ ја блокираа два часа раскрсницата пред зградата на велешки театар. Тие пееја навивачки песни како и македонската народна песна „Абре македонче“.
Велејќи дека „ФК Борец“ е нивната партија, „Гемиџиите“ ја блокираа два часа главната градска улица „Благој Ѓорев“ во знак на донесените одлуки на последното Годишно изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз.
Според Ристе Најдов навивачите протестираат со цел ФК „Борец“ да остане во првата македонска лига, да има еден клучен делегат во ФФМ и тројца делегати во Општинскиот фудбалски сојуз.Гемиџиите понудија да бидат медијатори помеѓу спонзорот на ФК „Борец“, соптвеник на компанијата „Брако“, Кочо Анѓушев и старо новиот претседател Лазе Ракиџиев како и раководството на Општинскиот фудбалски сојуз.
- Ке изготвиме Меморандум доставен до двете страни, ќе бидеме мост помеѓу двете страни, нема да завземе страна или некого да напаѓаме. Повторно ќе кажам го браниме интересот на ФК „Борец“ . Тие тоа можат доколку сакаат, додаде Најдов.
Инаку на последното Изборно годишно собрани на ОФС Велес ,одржано пред седум дена, не беше избран ниту еден претставник на ФК „Борец“ помеѓу четворицата избрани делегати што ќе ги претставуваат интересите на велешките фудбалски клубови, во Фудбалската федерација на Македонија.Тогаш спонзорот Анѓушев го најави своето повлекување од клубот.
Стефани Манева
#ФК „Борец“ #ГрупаГемиџии #Протест #БлокиранаРаскрсница #ФФМ #ОФС
11.11.2020
На Мало мовче ги поставија добро познатите транспаренти со кои од трибините на градски фудбалски стадион „Зоран Паунов“ или во спортската сала “Гемиџии“ постојано ги бодреа спортските клубови и запалија факели во чест на 76 роденден на Велес. Вака годинава членовите на навивачката група „Гемиџии“ одлучија да го одбележат празникот на својот роден град, ослободувањето на Велес. Тие напишаа и инспиративен текст:
12.09.2020
Aлександар Илиевски од ПК „Нептун“ го освои првото место, Филип Дерковски од ПК „Орион“ второто а третото на денеска одржаниот Пливачки маратон на велешко езеро „Младост“ се пласира Андреј Стојановски од ПК „Нептун“. Во професионалниот дел на натпреварувањето кај жените прва беше Јана Костандиновска од ПК„Нептун“, второто место го освои Калина Стојановска од ПК„Нептун“ додека на третото место се пласира Калина Стојчовска од ПК „Младост“. Оваа трка се бодуваше за генералниот пласман во Македонскиот куп во маратонско пливање што денеска заврши.
12.09.2020
Маратонците во пливање на скопскиот пливачки клуб „Нептун“ годинава се апсолутни победници на велешкиот пливачки маратон на езеро „Младост“. Александар Илиевски во машка и Јана Костандиновска во женската трка. Од многубројната публика на езерскотиот брег тие заслужено ги собраа апаузите и овациите како за победата така и за постигнатото време.
31.08.2020
Убедливо, Драган Ванов го освои првото место на во Е 1 класата на Ендуро трката во Старо Нагоричане додека возачот Елвир Мемедов се пласираше на четвртото место. Второто место во класа Е 2 го освои возачот Синиша Николовски исто како и Дарко Андов во класата Хоби.
Трката се возеше во петокот на 28 август во Старо Нагоричане.
20.07.2020
Од државното првенство во риболов на пливка во категорија У-15, што викендов се одржа на Дојранско езеро, тимот на Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес се врати со медали, две дипломи и два пехари за освоени две први места.