Вардар го чекаат најмалку 2,6 милиони евра по историскиот успех и пласман во групната фаза од Лига Европа !
Шампионот на Македонија добро ќе ја наполни клупската каса по триумфот над Фенербахче во плеј-офот во Лига Европа, Вардар ќе инкасира најмалку 2,6 милиони евра.
„Црвено-црните“ испишуваат нова историја откако вечерва и по втор пат го совладаа Фенербахче.
По триумфот од 2-0 во Скопје, Вардар стигна и до победа од 1-2 на гостувањето во Истанбул.
Шампионот на Македонија за прв пат ќе игра во групната фаза од Лига Европа, а фудбалските љубители ќе уживаат на фудбалска есен во Европа.
Историскиот успех на Вардар ќе му донесе и супер заработка, со елиминацијата на Фенербахче, веќе му се загарантирани 2,6 милиони евра.
Секоја победа во групната фаза ќе носи 360.000 евра, а секое реми 120.000 евра. Вардар исто така ќе добие и дел од колачот вреден 160 милиони евра, односно сумата од ТВ права и спонзорски договори која УЕФА им ја дели на клубовите кои учествуваат во најмасовното европско натпреварување.
„Црвено-црните“ исто така ќе заработата и неколку милиони евра од продажба на билети, а веќе инкасира 1 милион евра (580.000 евра за успехот против Малме и 420.000 евра за елиминацијата од Копенхаген во Лигата на шампионите).