Мукаетов: Во Загреб со 2.000 навивачи
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, при вчерашната промоција на Телеком како нов партнер на репрезентативците, одговарајќи на новинарско прашање најави дека се очекува голема поддршка од трибините.
Зборувајќи на оваа тема, Мукаетов потенцираше дека има најави за голема посетеност на мечевите во Загреб, додека за втората фаза во Вараждин се соочуваме со еден проблем.
– Според најавите, на првиот натпревар со Словенија во Загреб би требало да имаме околу две илјади навивачи. Таа бројка ќе флуктуира во извесни рамки за време на натпреварите од првата фаза, но очекувам да биде на тоа ниво. Она со што е реално се соочуваме е дека во Вараждин салата има капацитет од само пет илјади седишта, па нема да има простор да ги смести сите заинтересирани, за разлика од „Арена“ во Загреб. Од друга страна, на нашите ракометари досега добро им одело на теренот во Вараждин, така што се надеваме на добри настапи и во втората фаза,- оптимистички најави Претседателот на РФМ.
Македонија игра во Загреб на 13, 15 и 17 јануари, додека за натпреварите од втората фаза се резервирани датумите 19, 21, 23 и 25 јануари, од кои еден ќе биде слободен ден зависно од пласманот во првата фаза.