Коцевски: „Кога општината би имала јас на ГРК Борец би му дал и 10 милиони денари“
Програмата за активности во областа на спортот на Општина Велес за 2018 година располага со 5 милиони и 600 илјади денари за поддршка на спортските клубови. Од нив 1,5 милиони денари со одлука на Советот се определени за ГРК „Борец“. Секој месец по 125.000 денари се префрлаат на жиро сметката на клубот и веќе е префрлена јулската рата, рече денеска на прес конференцијата Градоначалникот Аце Коцевски како одговор на барањата што му ги испорачаа од ГРК „Борец“.
-Јас сум должен да го реализирам Буџетот на општината како што го донел Советот и не можам да исплатам ниту денар повеќе. Доколку Советот на општината одлучи нешто да менува треба да се направи ребаланс на Буџетот, измена во програмите за да се скратат од некаде финансиски средства кои би се додале на ГРК Борец. Кога би имале можности јас би им дал и 10 милиони денари бидејќи како поранешен спортист знам што значат парите за клубовите. Но не е добро тоа што го има направено поранешното раководство на општината со тоа што клубот го регистрирале како акционерско друштво со сто процентна сопственост на општината само градскиот ракометен клуб со тоа што го фаворизира општината само тој клуб а ги занемарува сите други, фудбалскиот клуб Борец, одбојкарскиот, кошаркарскиот и сите други спортски клубови, рече Коцевски.
Тој додаде дека општината треба да биде правична, да ги распределува средствата на чесен начин и да ги поддржува сите спортски клубови кои постојат на територијата на општината и да ги помага во рамките на нејзините можности. Коцевски,исто така, соопшти дека се обидел да влијае врз бизнис заедницата во Велес на минатонеделната седница на Економскиот совет на Градоначалникот кога преку презентација од преставник на УЈП им биле презентирани предностите на
-Има законска можност сите фирми во Македонија дел од Данокот на добивка што го плаќаат преку УЈП наместо како данок за државата да го уплатат на спортските клубови. Различно е и зависи од видот на спортот. Значи ако некоја фирма остварила добивка од 1 милион денари тогаш 400.000 денари може да издвои за ФК “Борец“ или за некој друг клуб. Сакам да апелирам и до фирмите и до спортските клубови дека нема иднина за спортот во градот ако се фокусираат само на средства од Буџетот на општината, рече Коцевски.
Градоначалникот е уверен дека можностите што ги отвора начинот на финансиска поддршка преку Данокот на добивка ќе ги увидат фирмите во општината како и дека ќе биде голем одзивот на бизнисмените кои го сакаат спортскиот живот па ќе одлучат на ваков начин да им помогнат на спортските клубови во Велес. Ова е особено важно бидејќи според Законот за локална самоуправа член 22 општините се надлежни да финансираат училишен и масовен а не врвен спорт./У.Ј