Велешки професори по физичичка култура на обука за “Унапредување на училишниот спорт” во Струмица
Во организација на Федерација на Училишен Спорт на Македонија, од 23 до 25 август, во хотел Сириус во Струмица се одржа семинар на тема “Унапредување на училишниот спорт”.
Од Сојузот на училишен спорт на Велес на семинарот учество земаа професорите Ангелче Гушев, Весна Николова и Иле Попов како учесници на државните првенства и гимназијадата во спортските игри, Леонид Таневски, Тодор Сутинов и Лазе Радевски како претседатели на училишните спортски клубови од училиштата ССОУ “Коле Неделковски“, ООУ “Благој Кирков“ и ООУ “Васил Главинов“ и Славчо Давитковски како претседател на Сојуз на училишен спорт на Велес.
На семинарот се разговараше за програмски активности поврзани со организирање и финансирање на: училишниот спорт на училишно ниво за основни и средни училишта со и без училишни спортски клубови; на училишниот спорт на општинско ниво; на училишниот спорт на зонско ниво; на училишниот спорт на регионално ниво; на училишниот спорт на државно ниво; на училишниот спорт на меѓународно ниво; за прилагодување на системот на натпревари на сите нивоа во учебната 2018/2019 год.; за информациски систем во училишниот спорт – web, fb, e-mail ; за критериуми за определување на комесари, делегати, судии и други службени лица на натпревари со воведување на лиценци како и за теми поврзани со спортови, забавен училишен спорт, спортски кампови и за контрола во системот училишен спорт и дисциплински мерки.
Учесниците на семинарот разговараа и дискутираа со директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кој воедно се запозна со предизвиците со кои се соочуваат наставниците и професорите од училиштата во реализацијата на училишните спортски активности и одговараше на нивните прашања./У.Ј