Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

gradskistadionveles fin

Одлуката едногласно ја донесе Советот на Општина Велес, на последната седница. Советниците одлучија во годината во која се одбележува деценија од смртта на прерано починатиот голман на ФК „Борец“, Зоран Паунов. Тој е спортска велешка легенда на која особено се сеќаваат вљубениците во фудбалот во градот како и навивачите на клубот.

- Одлучивме за прв пат во Велес, на најстариот спортски објект, да да му дадеме име на современик, заслужен за големите успеси на градскиот фудбал и промотор на градот како и на својот клуб Борец во државата. Градски стадион заслужува да го носи името на Зоран Паунов - рече советникот Ненад Коциќ.

paunov fin

Велешката спортска легенда - Зоран Паунов

Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес е само еден од спортските објекти во Велес, лоцирани во центарот на градот, до градскиот парк. Стадионот располага со 2.300 седишта и теренот е послан со вештачка трева. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново