Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

naslovnaBorec fin

Натпреварот меѓу Борец и Вардар почна со минута молчење, во знак на почит кон поранешниот голман на двата клуба, Зоран Паунов. Во негова чест, од денеска градскиот стадион во Велес и официјално е именуван во „Стадион Зоран Паунов“.

borec 1

borec2

Фудбалерите на Борец успеаа да освојат бод во пресметката со најтрофејниот македонски клуб Вардар откако ремизираа со резултат 0:0. „Црвено-црните“ немаа свој ден, а домаќините играа и со играч помалку, по исклучувањето на Петров во 75-тата минута од средбата.

Она по што ќе остане запамтен овој натпревар во Велес, прв прволигашки по 18 години, се секако и полните трибини со навивачи. Околу 4 илјади велешани го проследија натпреварот за што повеќе медиуми во државата направија споредба дека вкупно толку навивачи немало на преостанатите натпревари во второто коло на Првата македонска фудбалска лига./А.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново