Градскиот пливачки базен во Велес за седум дена треба да прими први капачи
11.06.2020
Општината деновиве добила информации од концесионерот на градскиот пливачки базен, фирмата ДПТУ „ПН – МП“ ДООЕЛ Велес, дека се при крај подготовките за отворање на капачката сезона.
Доколку временските услови дозволат најдоцна до среда, 22 јуни, годинава се очекува базенот да биде отворен за посетителите кои како единствено место за разладување во градот го имаат токму овој објект.
За велешани, освен базенот и езеро Младост е примамливо место за пливање и капење. Но таму, годинава, во тек се градежните работи од проектот „Смарт Езеро Младост“. Дел од нив се случуваат во непосредна близина на првата плажа, веднаш на самиот влез на езерото. Таа до минатата година беше многу посетувана за капење и пливање.
До лани, постојаните анализи на примероците од вода покажуваа дека само овие две места, градскиот базен и езеро Младост, се безбедни за пливање и капење на граѓаните. /С.А