Младите надежи на ЗСР „Бабуна“ државни прваци, Давид Николов исто така прв
20.07.2020
Од државното првенство во риболов на пливка во категорија У-15, што викендов се одржа на Дојранско езеро, тимот на Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес се врати со медали, две дипломи и два пехари за освоени две први места.
Младите надежи на Велес во спортски риболов се најдобри во државата. Тие го освоија прво место во категоријата екипа.
Исто така, во оваа категорија, и најдобриот млад спортски риболовец е велешанец.
Тоа е Давид Николов, член на подмладокот на ЗСР „Бабуна“. Тој во поединечна конкуренција го освои првото место.
Давид Николов го држи пехарот и дипломата за државен првак во категорија У-15
– Подмладокот на здружението не израдува и ни влеа надеж дека имаме квалитетни наследници со кои можеме да настапуваме како дома така и натпревари во странство, рече Никола Џампалов од ЗСП „Бабуна“.
На наградените на државното првенство во риболов на пливка во категорија У-15 им следуваат награди и од Агенцијата за млади и спорт./С.А