(ФОТО) Голем успех на возачите на Мото клубот „Мото – Велес“ на Ендуро трката во Старо Нагоричане
Објавено на 31 август, 2020 во 15:55
31.08.2020
Убедливо, Драган Ванов го освои првото место на во Е 1 класата на Ендуро трката во Старо Нагоричане додека возачот Елвир Мемедов се пласираше на четвртото место. Второто место во класа Е 2 го освои возачот Синиша Николовски исто како и Дарко Андов во класата Хоби.
Трката се возеше во петокот на 28 август во Старо Нагоричане.
Во пробниот круг на трката во класата Е 1 се повреди возачот Иле Андов. Тој ја повреди раката и не учествуваше во натпреварот.
Андов беше второпласиран во класа Е 2 на првата Ендуро мото трка на теренот на велешко езеро „Младост“. Велешкиот мото клуб како минатогодишен шампион во Ендуро во Македонија и оваа година доминира во шампионатот./У.Ј