(ФОТО) Навивачката група „Гемиџии“ со палење на факели и на Мало Мовче го одбележа ослободувањето на Велес
11.11.2020
На Мало мовче ги поставија добро познатите транспаренти со кои од трибините на градски фудбалски стадион „Зоран Паунов“ или во спортската сала “Гемиџии“ постојано ги бодреа спортските клубови и запалија факели во чест на 76 роденден на Велес. Вака годинава членовите на навивачката група „Гемиџии“ одлучија да го одбележат празникот на својот роден град, ослободувањето на Велес. Тие напишаа и инспиративен текст:
„За најсветлата ѕвезда во нашето соѕвездие !
За Велес што до безумство го сакаме и вечно ќе го чуваме ! Овој оган што од срцето ни гори нека посведочи за најсветлата ѕвезда на нашето небо !
Тука сме секогаш и засекогаш !
За тебе граду наш мил !
И во добро и во зло, со тебе се твоите синови, Велешките Гемиџии !
Од 1991
Големото и бестрашно срце на Велес !
За тоа што е наш !
За тоа што го сакаме !
Жив да си ни Вечен да си
Граде наш мил
Единствена вистинска љубов за нас отсекогаш си бил !
9ти XI 1944-9ти XII 2020
76 ГОДИНИ СЛОБОДЕН ВЕЛЕС“, напишаа во фејсбук статусот верните поддржувачи на градскиот спорт, спортските клубови и спортистите.