На лекување во скопските клиники испратен и трет повреден од саботната сообраќајка на влезот во Велес
Tретиот повреден велешанец во завчерашната сообраќајка во Велес синоќа е пренесен на понатамошно лекување во Скопските клиники. Пациентот се лекуваше на хирушкото одделение во велешката болница. Откако вчера му била направена компјутерска томографија на врат и глава хирурзите одлучиле и тој да биде пренесен на скопската хирушка клиника поради дополнителни прегледи и анализи.
– Иако пациентот е надвор од животна опасност сепак резултатите од снимањето на главата покажаа дека има скршеница на седмиот пршлен на вратот. По извршеното мобилизирање на вратот сепак го испративме на клиниката во Скопје поради сериозноста на повредите,“ рече д-р Љупчо Леов специјалист по пртопедија.
Во велешката болница ќе го продолжи лекувањето само четвртиот повреден во сообраќајката што се случи во саботата попладне кога повредените со автомобилот комбе марка „фолцваген шаран“ се возепе улицата под Спомен костурницата. Од засега неутврдени причини автомобилот излетал од улицата на земјениот брег, удирал во дрва и гранки, од него излетало едно лице, а потоа паѓал дваесет метри и завршил на патот до кружниот тек на влезот на Велес.
Во оваа сообраќајна несреќа најтешко повредено е седумгодишно дете, брат на еден од повозрасните мажи, кое во состојба на кома како итен случај веднаш беше транспортирано на Ургентниот центар во Скопје. Доцна вечерта на скопските клиники беше пренесен уште еден од повредените во оваа несреќа./Д.С