„Допри го сонцето“ – прв фестивал во планински велосипедизам и планинарење

Објавено на 10 јуни, 2016 во 18:35

Под мотото „Допри го сонцето – откриј ја тајната за почетокот на светот“ во организација на здружението „Тиквешки точкаџии“ утре и во недела  ќе се оддржи првото издание на отворениот фестивал во планински велосипедизам и планинарење низ недопрените предели на Кожув планина, „АлШар 2016“. Фестивалот вклучува и посета и запознавање со мистериозниот рудник Алшар.

Според официјалната програма, фестивалот ќе започне во сабота, 11 јуни, за кога се предвидени ревијално мото-крос возење на големата тура „АлШар 2016“, премиерната проекција на кав’даречката народна прикаска „Записи на Ѓаволот од Мајден“, а ќе продолжи со настап на кавадаречки диџеи и рок групи.

Вториот фестивалски ден ги содржи централните настани.Точно во 10 часот ќе започнат велосипедските и планинарските тури, од кои две големи и две мали. Големата велосипедска тура ќе се вози на вкупно 52 километри во комбинирани услови, додека малата е речиси двојно пократка, поточно содржи возење на 28 километри. За оние кои пак сакат пешачејќи да ги доживеат убавините на планината  Кожув се предвидени долга планинарска тура во должина од 15 километри и мала од 6 километри.

Покана до сите љубители на природата викендов да бидат гости во Кавадарци и Кожуф упати градоначалникот Александар Панов.

„ Кавадарци ќе биде центар на сите велосипедисти и вљубеници во природата. Известен сум дека патниот правец од Мрежичко кон Рожден ќе биде блокиран за целокупниот патен сообраќај. Движењето во тој регион ќе биде само со велосипед или пеш. Ова е со цел да се направи подобро прифаќање на сите кои ќе дојдат на оваа манифестација.“ рече Панов.

Организаторите се подготвени за големиот настан. Најавуват над 1000 учесници на оваа манифестација.

„Спремни сме. Има уште некои ситни работи кои ги средуваат екипи на терен. Апел да се внимава на личната безбедност и безбедноста на другите. Ќе има повеќе од 1000 учесници и уште најмалку толку гости. Потребно е да се вози внимателно, а можно  е да  има одрони на камења. Безбедноста мора да биде на највисоки ниво.

Инаку на фестивалот се очекува приство на околу 250 гости, од кои најбројни ќе бидат членовите на планинарско спортско друштво „Орле“. Моторциклистите ќе се приклучат во сабота. Тие рекреативно ќе земаат учество од 14 до 18 часот, а во недела ќе бидат само во придружба доколку има потреба од нивна помош“ нагласија од организациониот одбор./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.