Ново засилување на ГРК „Борец“ од Велеес

Објавено на 18 јули, 2016 во 13:40

Се комплетира Градскиот ракометен клуб Борец во Велес. Пикерот Игор Павловски од Свети Николе и центар играчот Бобан Андовски од Скопје се новото засилување на велешките ракометари. Тие од денеска и официјално станаа членови на клубот со кој потпишаа едногодишен договор. Триесет и пет годишниот Павловски доаѓа од Ракометниот клуб Радовиш каде играл на пикерската позиција. Дваесет и седумгодишниот Андовски пак доаѓа од РК Вардар Јуниор каде играл на позицијата лев бек.

„Се надевам дека со моето доажање во екипата ќе го подигнеме нивото на ракометот во градот Велес , се надевам на подобра позиција за разлика од минатата година. Ќе играм со добро познати играчи и верувам дека ќе се вклопам во најскоро време“, рече Павловски.

„Милко ми е што потпишав едногодишен договор со ГРК Борец. Очекувам оваа сезона клубот да биде чекор напред во донос на претходната. Со некои од играчите имам настапувано заедно и мислам дека добро ќе се вклопам и се надевам на успех“, рече Андовски.

Нов член на ракометниот клуб Борец е и Кристијан Давитковски кој доаѓа како „позајмица“  од РК Металург. Тој ќе игра на позицијата десен бек.

„Ја докомплетираме екипата со тоа што имаме за секоја позиција по еден играч. Кога ќе почнат на 3 август припремите екипата ќе биде комплетна и оваа година очекуваме подобри резултати од минатата година. Нашите очекувања се да стигнеме до средината на табелата“, рече градоначалникот Славчо Чадиев.

Покрај овие играчи, екипата на ГРК Борец се засили и со младиот велешанец Антонио Јаневски кој настапуваше во екипата на Вардар 2 во младинската лига и на финалниот турнир во младинската лига, а беше дел и од „All star“ тимот како најдобро лево крило.

Даниела Саздова

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.