Шести пораз на КК “Неготино“
Објавено на 10 декември, 2012 во 21:07
Во рамките на 7-то коло од втората кошаркарска лига на Македонија, во спортската сала Младост кошаркарите на екипата на Неготино го доживеаа и шестиот последователен пораз со резултат од 86 : 53.
Од младата екипа на домаќинот подобар беше тимот на „Карпош Соколи“ кој во годинашнава сезона влегува со амбиции за повисок ранг на натпреварување. По овој натпревар екипата на КК Неготино остана единствена екипа во лигата која досега нема остварено победа.
Во наредното 8- мо коло кошаркарите на Неготино гостуваат во Скопје каде се среќаваат со екипата на Ангели. КК “Неготино” своите натпревари на домашен терен ги игра во СРЦ ”Младост”, каде е поддржан од навивачката група “Винари” од Неготино.
