Шпанија, СП во ракомет: ВИДЕО Стоилов: „Ни годи сонцето, ни лежи и Исланд„

Објавено на 14 јануари, 2013 во 20:03

Ако покрај победите на македонската експедиција во Севиља составена од ракометари, стручен штаб, оперативци, новинари и навивачи нешто посебно им годи, тоа е андалузиското сонце, јави спортскиот известувач на ТВ Тера.

На температура од близу 20 степени разговаравме со Стојанче Стоилов кој откри кој противник колку им лежи на црено-жолтите „Помалку индијанската одбрана на Чиле и Катар ни создаде проблеми и ни зададе и по некој удар. Но Исланд игра поинаку во одбраната и ќе се вратиме на европскиот стил што сметам дека многу повеќе ни одговара како репрезентација„ ни рече еден од трите пивотмени во нашиот ростер. Според зборовите на селекторот сите тројца имаат одредени задачи кои ги извршуваат до овој момент одлично.

Само така да продолжат искусниот Димовски и младите Стоилов и Н. Марковски и не треба да се грижиме за иднината на оваа позиција.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=ko6MxcRg0kU{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.