Неготино, домаќин на футсал натпревар меѓу Македонија и Ерменија!
Објавено на 15 јануари, 2013 во 17:24
СОУ „Св.Кирил и Методиј“ од Неготино во соработка со Фудбалската федерација на Македонија ќе биде домаќин на спортскиот настан кој ќе се одржи на 17 јануари, четврток со почеток во 18.00 часот во спортската сала на училиштето.
На овој спортски настан ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу националниот тим на Македонија и националниот тим на Ерменија во футсал (машки).
Организаторите очекуваат присуство на голем број на љубители на овој спорт и сметаат дека натпреварот е несекојдневен спортски настан во градот.