Двајца фудбалери од Кавадарци ќе играат за украински клубови!

Објавено на 24 јануари, 2013 во 09:56

Фудбалерите производ на кавадаречката фудбалска школа заминуваат да играат надвор од државата.

Фудбалскиот клубот “Тиквеш“ каде се сткнуваа со знаење  е во агонија и се повеќе тоне  во криза. Двајца фудбалери од Кавадарци ќе играат во првенството на Украина. Покрај Ванчо Шиков таму својата кариера ја продолжува и Даниел Мојсов.

 

Мојсов откако ја заврши новосадската агонија,  како слободен играч заминува во украинскиот клуб Таврија Симферопол. Новиот тим на Мојсов моментално се наоѓа на единаесетата позиција на украинската табела, со десет бодови повеќе од претпоследно пласираниот тим на Ховерла, односно два помалку од седмопласираниот тим на Волин, за кој настапува и кавадарчанецот  Ванче Шиков.

Првиот “кавадаречки дуел“ во украинското првенство ќе се случи на 20-ти април, кога Шиков со својот Волин ќе му гостува на Даниел Мојсов во Симферопол, главниот град на покраината Кримеа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.