Викендов во “Јасмин“ кошаркарски турнир!
Кошаркарскиот клуб “Фени индустри“ претстојниот викенд ќе биде домаќин на петиот по ред традиционален кошаркарски турнир “Димитар Ѓорѓиев“.
Турнир кој е посветен на првиот претседател на клубот.
Годинава “ Фени Индустри“ ќе има само гости од Македонија, пред се поради тоа што веќе се почнати натпреварувачките шампионати во соседните земји. Па, така, за петтиот по ред трофеј „Димитар Ѓорѓиев“ овој викенд во Јасмин ќе се борат екипите на Кожув, Карпош Соколи, Струмица и секако домаќинот Фени Индустри.
Според официјалната програма, турнирот ќе започне во 17 часот со натпреварот Кожув – Карпош Соколи. По неговото завршување ќе следи официјално отворање на меморијалот, а првата турнирска вечер ќе заврши со натпреварот Фени Индустри – Струмица, кој е закажан за во 19 часот.
Поразените екипи од двата меча во сабота од 17 часот ќе го одиграат мечот за трето место, додека почетокот на мечот за трофејот „Димитар Ѓорѓиев“ е закажан за во 19 часот.