Засилувањето во ФК Борец промовирано, од денес започнаа подготовките за престојните натпревари!
Шестмина нови играчи ги засилуваат редовите на велешкиот третолигаш, очекувањата се дека без проблеми Борец ќе оди во втора лига.
Баже Левков, Баже Нацев, Аце Пановски, Ведат Арслан, Диме Андов, Оливер Велковски и Аце Крстевски се новите имиња во ФК Борец. Нив денеска ги промовираше тимот како играчи кои ќе треба без проблеми да го однесат клубот во втора лига.
„ Наш предизвик е да го задржиме првото место , да одиме во втора лига и поради тоа се припремаме како да ќе има бараж, но тоа не се знае, сепак ако не успееме целиот труд ќе падне во вода“, рече Александар Пановски.
„Да влеземе во втора лига тоа се нашите амбиции и мислам дека имаме подготвена екипа за ова. Очекувањата ни се големи, амбициозен сум и знам дека ќе успееме. Сум доаѓал тука теренот не е лош а и атмосферата е добра“, рече Арслан Ведат.
Со новиот тим тренерот Кочо Димитровски од денеска ги започна тренинзите. Смета дека како што беше успешна првата полуетама, оваа со засилување ќе биде уште поуспешна.
„Завршивме голема работа со доаѓањето на овие засилувања, со ова се зголеми фондот и квалитетот на играчите, баравме конкуренција за во екипата за да сме уште појаќи и посилни за да го исполниме баражот. Ова не е гаранција дека ќе го задржиме првото место, но ќе одиме на победа на секој натпревар. Сите играчи заслужуваат да бидат во втора па и во прва лига“, рече Димитров.
Управата веќе набавила нови дресови, тренерки и фудбал топки и се надева дека нивниот проект ќе биде успешен.
„Проектот на управата е со засилувањата да го оствариме планот, првен да влеземе во втора лига, а по тоа чекор по чекор во Европа за 3 до 5 год. Засега ни оди добро реализацијата на проектот и мораме да веруваме во успехот“, рече Иван Ивановски, ФК Борец.
Инаку новите шестмина играчи доаѓаат од редовите на ФК Бабуна, ФК Еуромилк и ФК Победа.
На 10 – ти март продожува првенството, а ФК Борец влева во него со девет бодови предност. Се надева на голема помош од велешката публика и навивачки групи.