„Фени“ на домашен терен загуби од „Работнички“!
Кошаркарите на „Фени индустри“ вечерва го загубија важниот меч на домашен терен со „Работнички“. Во салата „Јасмин“пред своите навивачи „Фени“ загуби со резултат 73:81.
Тимот кој го водеше тренерот Рајковиќ во минатата сезона загуби од новиот тим кој сега го предводи Рајковиќ.
„Работнички“ уште на почетокот покажа дека е дојден во Кавадарци да триумфира. Првата четвртина ја доби со 16-20, а на полувремето замина со солидни осум поени предност (33-41). И во вториот дел од овој меч, Работнички умешно ја одржуваше предноста, а Фени индустри се доближи на само два поени негатива на две минути пред крајот на мечот, со поените од слободни фрлања на Никола Вучуровиќ.
Потоа следеа поените на Зивчевиќ и на Абукар во гостинскиот табор, по што беше јасно дека „Фени индустри“ нема да може да се врати и да ја добие оваа средба.
Ненад Зивчевиќ од „Работнички“ беше најефикасен на натпреварот со 20 постигнати поени, 19 поени постигна Абдукар, а имаше и девет скока. На натпреварот во Кавадарци се истакна и Немања Јелесијевиќ со постигнати 15 поени. / А.Д