Фени ја забележа третата победа во Супер-лигата!
Со 20 поени разлика, 96-76, во натпревар од 7. коло Кавадарчани лесно и убедливо ја совладаа Лирија. Само во првата четвртина, гостите држеа рамнотежа, имаа нерешен резултат 21-21, а се потоа беше во знакот на домаќините, кои ги добија останатите три периоди и славеа победа.
Новиот тренер на Фени, Малинков, го предводеше клубот до значајната победа, а кошаркарите на Фени одговорија на предизвикот.
Бојан Трајковски со 21 поен и 10 скока, беше незадржлив под обрачите, а одлично му асистираше и Вучуровиќ со 15 поени и 10 скока. Ист број скокови имаше и Душан Кнежевиќ, комбинирани со 14 поени. Кори Мекинтош додаде 15 поени, во одлично избалансираниот состав од Кавадарци.
Кај Лирија најефикасе беше Карлос Морбан со 18 поени додека два поени помалку постигна Александар Угриновски./А.Д