„Лозари“: „Навивачкиот свет е чуден за оние кои не го живеат“!
Навивачката група „Лозари“ реагира на обвинувањата дека нивните навивачи биле насилници, особено по неодамнешните обвинувања на адреса на малолетни навивачи.
“Ние не сме насилници, како што некои во градот сакаат да не претстават. Ние сме луѓе кои го сакат спортот и организраат хумани акции. Сакаме да нагласиме дека ние сме здружение на граѓани на чии членови спортот им е во крвта. И да имаше некој лош меѓу нас, ние таквите ги отстранивме од нашите редови. Имаме чувство дека од повеќе страни со репресија сакаат да не растурат како грпа. Но, нема да успеат да не скршат“ рекоа дел од навивачите „Лозари“, нагласувајќи дека навивачкиот свет бил чуден за оние кои не го живееле.
Сакаат јавноста да ја потсетат и да ги освојат нивните симпатии.Нагласија дека во изминатиот период организирале неколку крводарителски и други хуманитарни акции, биле учесници во акции за средување на спортските терени. Со вакви позитивни активности ќе продолжеле и во наредниот период.
Неодамна Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво апелираше родителите да ги придружуваат своите малолетни деца на спортските натпревари во спортската сала или на градскиот стадион, за во секој момент да знаат каде се, со кого се и дали имаат консумирано алкохол пред тоа. Од образовните институции побара да ги откријат ученците кои учат во нивните училишта, а создават проблеми и со нив поконкретно да работат на отстранување на нивното девијантно однесување, а од организаторите на спортските натпревари, клубовите, да го зајакнат режимот за влегување во спортските објекти на децата од 10 до 15 години кои не ќе смеат сами да присуствуваат на дуелите.
И од полицијата апелираат на спортските натпревари навивачите да навиваат спортски за да не доаѓа до несакани ситуации, а малолетниците да се воздржуваат од предизвикување на инциденти./ А.Д